И при највнимателна работа може да се случи да си ја повредиме раката со длето, при работа со хемикалии да вдишеме отровен гас, или при монтажни работи да паднеме од скала.

Најчести незгоди и мерки на претпазливост

Изгореници. Опасни места, работи и средства: кујна, перална, бања; топење масти, заварување; пегли, печки, неисправни грејачи, реоа. Особено запалливи материјали: бензин, етер, алкохол, терпентин, особено како средства за чистење и средства за уништување инсекти.

Мерки на претпазливост: не смееме да натрупуваме отпадоци, весници, крпи; не смееме да оставаме пепел во дрвена кутија или кошница; на шпорети и печки садовите за готвење треба така да се постават што нивните рачки да не бидат свртени кон полето; со запаливи средства за чистење да се постапува многу внимателно; оган или отворен пламен не смееме да оставиме без надзор.

Труење со јаглерод моноксид, чад. Пеглање со пегла на јаглен, печка со неисправно согорување или печка затворена предвреме, неисправни оџаци.

Мерки на претпазливост: оџаците и шпоретите треба постојано да се контролираат и чистат; со пегли на јаглен да се пегла покрај отворен прозорец; не смее да се пуши во кревет; ако паркираме автомобил во гаража, потоа треба извесно време да се остави отворена.

Труење со гасови, експлозија на гас. Недостатоци на гасоводот на светлечки гас. Непрописно ракување со греачи на вода (бојлери), неисправни или незатворени вентили. Три вида опасности: експлозија, пожар, труење со гасови.

Најопасна состојка на светлечкиот гас е јаглерод моноксидот. Знаци на труење се: бледило, главоболка, слабост, вртоглавица, онемелост на екстремитетите, повраќање, пролив, поспаност, повремени мускулни грчеви, несвестица. На крај, поради парализа на дишните органи, може да настапи смрт.

Ако труењето настанува постепено, во подолг временски период (на пр. полека и постојано тлее гас во станот), знаците се: карактеристична бледа синкаво-сива боја на лицето, слабост на мускулите, замор. нервни потреси, треперење на устата, рацете и нозете, несвестица (особено при станување) ослабување на органите за слух и вид, несигурно одење, намалување на меморијата и концентрационата моќ, вознемиреност и намалување на силата на волјата.

Мерки на претпазливост: ако почувствуваме мирис на гас, веднаш треба да се отворат вратите и прозорците, просторијата подолго да се проветрува, не смее да се запали шибица, забрането е да се вклучи електричното осветлување; вентилот за гас треба целосно да се затвори; не треба да се користи гумено црево за гасоводи без влошка од ткаенина; заптивноста на гасните инсталации не смее да се проверува со отворен пламен, туку само со сапуница!

Ако гасниот бојлер (аутогејзир) не сака да се запали, веднаш треба да се затвори славината за топла вода и да се почека најмалку 10 m минути додека целата количина испуштен гас не испари. По ова, прво треба да се запали пламенот за палење и дури потоа да се отвори славината за топла вода.

Согорувањето на гасниот пламен постојано треба да се контролира. Ако пламенот е жолтеникава боја со долги и избледени контури, тогаш согорувањето е нецелосно. Апарат со нецелосно согорување не смее да се користи. Производите на согорување на гасните шпорети треба да се одведуваат преку оџак. Таму каде што ова не е решено, големо внимание треба да се посвети на проветрувањето.

Струен удар. Неисправни водови, апарати за домаќинство, алат, водови без изолација, истрошени прекинувачи, приклучоци, грла; особено во кујната, во бањата, во пералницата и во подрумот; преносни светилки, непрописни поправки на неисправни осигурувачи (на пр., со жица).

Мерки на претпазливост: треба да се отстранат сите слободно висечки електрични водови; не смееме да користиме слаби и неизолирани прекинувачи и прибори; секој дефект треба веднаш да се отстрани; не смееме да поправааме прекинувачи и водови со влажни раце!

Општи мерки на претпазливост во домашната работилница

Работилницата, машините, средствата за работа и заштитните средства треба да бидат соодветни, трајни и исправни.

Подот треба да биде мазен, но не и лизгав, во добра состојба и погоден за одржување на чистота.

Работното место треба да биде пространо, осветлено, со слободен простор од најмалку 80 cm ширина.

Да користиме само такви скали што имаат исправни и цврсти скалила и што се испробани пред употреба! Еднокрилните скали треба да се обезбедат од лизгање. Двокрилните треба да се обезбедат со зглобови или синџири за да не се отвораат. При работа на висина задолжително треба да се употребува сигурносен појас.

Електричните уреди да се изработуваат и употребуваат само во согласност со важечките стандарди и прописи.

Природното и вештачкото осветлување треба да биде доволно и практично без сенки на работното место и на рацете, а воедно не смее да биде ни блештово.

Работната облека - особено покрај опасни машини - треба да биде соодветна. Не смее да се носи широка облека со делови што слободно висат; не се дозволени престилки, шалови и вратоврски. Косата треба да се заштити со капа.

Треба да се користат заштитни очила и маски ако постои опасност од струготини, искри и капки нагризувачки течности. Против силна светлина треба да се користат и, исто така, прописни темни очила.

Запалливите и експлозивни гасови, пареи, како и прашината треба да се отстранат со силни екстрактори. Ако во просторијата има запалливи или експлозивни гасови, пареи или прашина, не смее да се користи загревање или осветлување со отворен пламен. Исто така не смеат да се сместуваат мотори со внатрешно согорување или машини за брусење во вакви простории. На проветрувањето на ваквите простории треба да му се посвети особено внимание. Ако постојат средства и уреди (рачни) за гасење пожар, тие секогаш мора да бидат исправни, а нивното ракување повремено да се вежба.

Забрането е натрупување самозапалливи материи, иверица и масни крпи!

На подвижните делови на машините треба да се постават такви штитници што ќе ја исклучат и случајната можност за меѓусебен допир на овие делови.

Прва помош по незгода

Запирање на надворешното крварење. Најважно е да се затворат повредените артерии и раната да се заштити од инфекција со соодветен завој (сл. 1). Не смеат од раната да се отстрануваат остатоци од крв ниту раната да се полева и испира со течности. Добро применетиот завој ги намалува болките на повредениот. Човек со надворешно крварење треба да седне или да легне, а делот од телото што крвари треба да се подигне. Потребни материјали за прва помош се: стерилна газа, вата и завои. Ако раната или нејзината околина е извалкана со прашина, кал или други заразни материи, тогаш раната мора да се избрише со стерилна газа (или да се испере со водород пероксид), а местото околу раната тенко да се намачка со 5%-ен јод (ако нема јод, тогаш со алкохол или колонска вода).

Треба да се разликува крварење на капиларите, носечките садови и главните артерии (пулсни артерии).

Мањето капиларно крварење се запира со обичен покривен завој (сл.1, 1. дел). Поголемо крварење се запира со компресивен завој. На раната се поставува стерилна газа, а на газата вата. Потоа се оформува »тампон«, газа или вата завиткана во газа и свиткана во облик на топка (со големина на орев, јајце или тупаница, во зависност од големината на раната) се става врз вата па сè се завојува малку потесно. (Директно на раната не смее да се стави вата!) Ако крвта продира, не треба да се вади завојот туку над него да се постави нов завој! За преврзување на рани најпогодни се т.н. први завои, кои се состојат од стерилна газа (во вид на перниче) и стерилен завој. Крварењето на големите садови на екстремитетите се запира со ставање подврзка над раната (сл. 1, 2. дел).

Повреда на кованата артерија може да се препознае по тоа што крвта излегува во силен млаз и има многу силна црвена боја. Кај повреда на носечките крвни садови, во зависност од големината на раната, крвта излегува од раната во млаз или само лесно истекува. Во двата случаи крварењето можеме да го заприме само со ставање завој. Крварењето на екстремитетите полесно се запира ако делот што крвари се подигне (сл. 1, 3. дел) и ако цврсто се превие, почнувајќи од крајот кон телото. Оваа постапка е особено потребна ако повредениот изгубил многу крв, бидејќи на овој начин ќе се воспостави нормален крвен притисок. Завој со притисок, во случај на крварење од кованата артерија, треба да се постави меѓу срцето и повреденото место, а во случај на крварење од носечките крвни садови, на делот од екстремитетот што е кон прстите. Пред да ја преврземе раната, треба повредениот дел малку да се подигне, бидејќи така крварењето ќе се намали. За стегач за запирање на крварење најпогодни се: широка гумена лента или гумено црево. Важно правило е стегачот да се применува само тогаш ако со покривен или компресивен завој не сме успеале да го запреме крварењето. Освен ова, многу е важно и тоа што стегачот не смее да се остави повеќе од 1-1,1/4 час на ногата или раката, бидејќи ќе отрнат. (Тоа значи дека е потребна брза лекарска интервенција или повредениот веднаш да се испрати во болница). Кај многу силно крварење треба да се обидеме крвта да ја запреме со притискање со прсти (слика 1, 4. дел), кај повреда на кованата артерија меѓу срцето и повреденото место, а кај носечките крвни садови кон периферијата. Крварењето од кованата артерија, на вратот, може да се запре до доаѓањето на лекарот само со притискање со прсти. На болен кој изгубил многу крв, ако е при свест и нема нагон за повраќање, треба да му се даде кафе или чај и да се изврши клизма со млак раствор на кујнска сол.

Постапки за запирање на надворешно крварење

СЛИКА 1

Запирање на крварење од нос. Болниот треба да се постави во седечка положба, главата да му се навали наназад и со палец да се притисне носната ‘рскавица во траење од 10-15 mмин. Ако на овој начин не успееме да го запреме крварењето, треба отворите на носот да се наполнат со чиста газа или вата, главата да се наведне напред и во оваа положба да се почека додека не престане крварењето.

Изгореници. На лицето на кое му се запалила облеката, треба да се стави дебело ќебе или палто и да се полеe со вода. На раната од изгореница треба да се стави газа или мека ткаенина натопена со мрсна или маслена крема, а потоа завој. Изгорените места не треба да се допираат со прсти ниту со какви било предмети (да се пробие меур и сл.) сè додека не пристигне лекар.

Кај изгореници од силни киселини, киселината треба да се избрише, местото веднаш да се исплакне со вода, врз него да се стави газа натопена со маст и завој.

Контузија. Местото на контузијата е болно, отечено и црвено. Ако кожата е повредена и излупена, треба тенко да се намачка со алкохол или јод и да се постави завој.

Истегнување. Повреда на зглобните лигаменти што ги фиксираат и штитат зглобовите е проследена со болки, но не толку силни како кај исчашување. Прва помош: мир и ладни облоги.

Искочување. Неправилната положба на краевите на коските во зглобовите по повредата е проследена со силни болки. Обликот на зглобот се менува и повредениот не може да се движи. Лаици не смеат да се обидат да го наместат искочениот зглоб, бидејќи со тоа само ќе ја зголемат неволјата. Повредениот треба да се постави во мирна положба и да се повика лекар. Ако искочениот зглоб брзо се намести, болниот побрзо ќе оздрави.

Повреди на коските. Прелом на коска е прекин на континуитетот на коската. Болниот не може да го движи повредениот дел од телото, не може да застане, на пример, на скршената нога. Преломот на коската може да биде од различен степен: пукнатини, со одвоени ситни делови на прелом, отлом или пукнатина и, конечно, отворен прелом. Од сите повреди најтежок е отворениот прелом, кој во себе носи и опасност од зараза. Затоа на повреденото место се става стерилна газа. Ако утврдиме, или постои сомневање дека се работи за прелом на коска и ако можеме брзо да обезбедиме лекарска помош, најдобро е болниот да го поставиме во лежечка положба и да почекаме лекар. Ако, пак, треба болниот да се носи, тогаш мора да ја имобилизираме повредената нога (сл. 2). Соблекувањето на облеката кај болниот треба да започне од страната каде што нема повреда (облекување по обратен редослед). Облеката треба на местата на шиење да се распара, обрнувајќи внимание на тоа да не го движиме непотребно повредениот дел од телото. Имобилизацијата на раката се врши така што раката се прицврстува за градите. Ова е можно и без врзување (сл. 2, 1. дел) или со завој, одн. платнена марама (сл. 2, 2. дел). Кај прелом на ногата, повредената нога ја прицврстуваме за неповредената. Ако не сме сигурни дека се работи за прелом (може да биде и исчашување), сепак треба да постапуваме како да се работи за прелом. Скршената коска треба да се имобилизира со двата соседни зглоба заедно: скршената рака заедно со зглобот на раката и со лактот; скршената нога заедно со коленото и глуждот (сл. 2, 3. дел). Средства за имобилизација може да бидат стап, поцврста летва или некој рамен предмет. Сите овие средства претходно треба да се завиткаат во некоја ткаенина.

Постапки за имобилизација на рака и нога при скршеница

СЛИКА 2

Скршениот екстремитет до прва помош треба да се потпре на некоја рамна површина (сл. 2, 4. дел).

Труење со јаглерод моноксид може да настане: од неисправни или неисправно затворени печки; во гаража од автомобил; при тлеење на гас (неисправни водови, вентили, неисправно согорување на пламенот и сл.). Почетни знаци на труење: главоболка, вртоглавица, мачнина, нагон за повраќање. Подоцна настапува толкав степен на слабост што болниот не може да оди и, иако е при свест, не може да избега. Дишењето најнапред е забрзано, а подоцна повредениот почнува да се гуши и дишењето станува послабо. Повредениот веднаш треба да се изнесе на свеж воздух (а и просторијата да се проветри), ако е при свест треба да му се каже да дише длабоко и ако може да голта да му се даде силно кафе или чај. Ако е во бесвест, треба да се примени вештачко дишење.

Trovanje so jaglerod dioksid. Ova vo suština e gušenje poradi nedostig na kiseonik. Nastanuva vo duboki podrumi pri vrenje na vino, vo kanalizacioni cevi i pri slégnuvawe vo stari bunari. Spasilecot treba da ima zaštitni sredstva (snabduvawe so kiseonik) pri vleguvawe vo ovie prostorii ili ako nema vakvi sredstva, togaš treba da vrze jak kanap okolu strukot, čij kraj go držat onie što se nadvor od prostorijata, da pri vleguvawe duboko da vdišuva i da se obide da go spasi odnosno da go iznese povredeniot bez dišewe.