Семејна куќа
Почетни тешкотии при градбата
Оној што во помали градежни работи веќе стекнал доволно искуство како мајстор во куќа, полесно ќе пристапи кон изградба на семејна куќа или стан. Тука не се мисли на тоа самиот да ја изведува градбата, бидејќи тоа е работа што бара одредени стручњаци. Но, секако е добро и >>инвеститорот<< да биде упатен во овие работи и во поедноставните нешта и самиот, а евентуално и членовите на неговото семејство или пријатели, да земат учество. Тука ќе стане збор токму за учества во »големи« градби, односно за подготовки за градба.
За градба прво е потребно да се обезбеди земјиште. Не е доволно пред купување само да се »погледне« земјиштето. За да се обезбедат најдобри услови за идната зграда, потребно е да се приберат информации за повеќе работи поврзани со земјиштето. Препорачливо е пред купување да се консултира стручњак. Положбата на земјиштето, релјефот, наклонот, составот и карактерот на теренот, условите на теренот, правците на ветровите, димензиите и обликот на земјиштето, постојната флора на земјиштето, положбата и состојбата на приодните патишта и комуналиите се многу важни фактори и битно влијаат врз проектирањето и изведувањето на работите при градба. (На пр. високото ниво на подземни води ќе бара дополнителни работи на хидроизолација, или, на каменито тло работите за изработка на темели се отежнати). Со согледување на овие чинители може да испадне дека »поевтиното« земјиште всушност е »поскапо«.
Pred kupuvaweto treba da se ispita i »pravniot položaj« na zemjišteto. Treba da se proveri vo zemjišnite knigi dali zemjišteto navistina e slobodno za prodazhba i da ne e slučajno optereteno so dolgovi, hipoteka i sl. Možno e da postojat posebni propisi vo vrska so zemjišteto, kako npr. pravo, odnosno obvrska za davawe prolaz na drugi korisnici, propushtawe na voda ili vodovod, eksproprijacija, izgradba na patišta ili drugi uslovi (sl. 1). Po pregledot na zemjišnite knigi treba da se obratime do nadležniot organ vo opštinata za dobivawe informacii za možnostite za gradba na zemjišteto. Tamu ḱe doznaeme kakov objekt smeeme, odnosno mora da izgradime na toa mesto (prizemna, na sprat i sl.), dali vôopšto smee da se gradi, kakov e urbanističkiot perspektiven plan na okolinata (kade ḱe se gradat zabavište, dečji gradinki, prodavnici i sl.). Ako rezultatite od detalniot pregled na zemjišteto se povolni i ako sostojbata vo zemjišnite knigi e vo red, a i mišeweto na nadležniot organ za gradba e povoljno za nas, t.e. nema nikakvi ograničuvački faktori ili takvi fakti što bi gi zgolemile trošocite za gradba, može da go kupime zemjišteto pridržuvajḱi se kon propisite za kupuvawe i za prepis na zemjišteto. Vakvite detalni prethodni informacii ḱe ne poštedat od podocnežni razočaruvawa i nepotrebni trošoci, pa duri možebi i od toa planot za gradba celosno da propadne.

СЛИКА 1
По купувањето на земјиштето потребна е градежна дозвола. Целта на оваа дозвола е изградбата на зградата да се врши во согласност со постојните прописи и сопственикот што има право на градење да ја изведе градбата така што тоа да не ги попречува интересите на соседните сопственици и заедницата. Оној што ја изведува градбата без пропишана градежна дозвола, нестручно, треба да смета на тоа дека зградата ќе му биде принудно урната на негов трошок.
Кон барањето за градежна дозвола треба да се приложи и извод од земјишните книги како доказ дека подносителот е полноправен сопственик на земјиштето. Исто така е потребно да се набави ситуационен план на земјиштето, како и проект на зградата (ситуација и детали) со технички опис. Препорачливо е да се прибават информации од надлежниот орган и за условите на проектот (размер, број на примероци и сл.) кога ги собираме информациите за земјиштето. Неодветните проекти често претставуваат сериозен проблем. Проекти можат да изработуваат само за тоа овластени установи, одн. лица. Не ни е намерата да влијаеме врз идните »инвеститори«, но укажуваме на тоа дека кај поголемите проектантски организации можат да се добијат готови типски проекти, кои се релативно евтини, современи и економични, изработени во повеќе варијанти, така што можат да задоволат разновидни услови. Врз основа на овие проекти полесно можат да се добијат градежни дозволи што располагаат со предмер и предсметка.
При градба на сопствена куќа секој човек има свои идеи. Овие идеи можат да бидат исправни и реални, но многу од тие идеи се нереални, затоа што се неизведливи, неекономични и несовремени, а често и невкусни. Проектантот при изработката на проектот мора да се придржува до одредени сојузни прописи, нормативи и прописи во врска со проектирањето (на пр. влезот во WC не смее да биде од кујната, минималната површина на просторијата е пропишана, најмалата висина на внатрешните простории, положбата на просториите, облогите, површините на прозорците и сл. не можат да се избираат по желба), но истовремено мора да ги задоволи и барањата на поединците, одн. сопствениците. Треба да се ценат целисходните и економични предлози на проектантите во врска со употребата на типски елементи (греди, врати, прозорци и сл.).
Интересите и аспектите на поединците најмногу можат да дојдат до израз при изборот и обликувањето на фасадата, групирањето на просториите, системот за греење, терасите, подрумите, споредните згради и сл. Укажуваме на тоа дека надлежниот орган нема да издаде градежна дозвола врз основа на нestrучни и неекономични проекти, кои не се во согласност со прописите за изградба на станови, токму поради интересите на инвеститорот.
Кога ќе ја добиеме градежната дозвола, треба внимателно да се подготвиме за градба. Добрата подготовка ќе нè поштеди од подоцнежни непотребни работи. Паралелно со постапката за добивање градежна дозвола, треба да му се довери на некого изработката на предмерот и предрачуната. Врз основа на предмерот и предрачуната можеме да ја одредиме потребната количина на градежен материјал (имајќи го предвид и потребниот отпад). Овие документи се потребни и за добивање заем за градба. Ако сме обезбедиле и потребниот заем (или готовина за почеток на градбата), следи набавка на градежен материјал.
Материјалот најдобро е да се набави од некое трговско претпријатие. Постои можност и за набавка на веќе користен материјал - што е значително поевтино - но за ова секако треба да се договорите (и заедно да се купи) со стручњак. Имено, извалканите тули со малтер подоцна ќе создаваат тешкотии при ѕидање и малтерисување, бидејќи ќе »провеваат« низ малтерот и бојадисувањето. Во дрвените греди, паркетите, бродските подови можеби се кријат габи и инсекти, кои по една-два години можат да предизвикаат огромни штети. За некои ќерамиди потребна е двојна количина летви, па е можно евтиното покривање на покривот подоцна да излезе поскапо. Исто така, мек, користен варовник не поднесува мраз, па нема да можеме да го користиме за ѕидање и за темели. Воопшто, треба да се биде многу внимателен, без разлика дали станува збор за нови или за стари, често евтини материјали за градба. Секогаш треба да се бараат и чуваат документите што го докажуваат сопствеништвото, но и сите други сметки и документи треба внимателно да се зачуваат.

Пред да пристигне првата пратка материјал, на земјиштето уште многу работи треба да се средат. Ако земјиштето уште не е оградено, по усогласување на границите со соседите и со службените податоци треба да се подигне ограда. Ограда кон улицата и десната странична и десната половина од задната ограда, сето ова гледано од улицата, ние мора да ја изработиме. Левата странична ограда и левата половина од задната ограда припаѓаат на левиот, односно задниот сосед. Со прибавување службени документи за оградите ќе избегнеме можни подоцнежни расправии, па можеби и судски спорови. Во насока на транспорт на градежниот материјал препорачливо е да се изработи само привремена и подвижна ограда.
Основен предуслов за градба е постоењето на вода на самото место, бидејќи транспортот на вода е скап и комплициран. Ако сме бушеле бунар, а водата е сулфурна, горчлива, солена или смрдлива, треба да се побара помош од стручњак за бушење на соодветен (длабок) бунар или за неутрализација на водата. Агресивна или валкана вода не може да се употребува при градба, бидејќи по кратко време ќе го уништи бетонот или малтерот. Треба да се ископа и јама за вар, така што да не го попречува транспортот и да биде доволно оддалечена од идните ѕидови. Основата на јамата може да биде 3 x 2 m, а длабочината 1,5 m.
Потребна е и една зграда за складирање на материјал, алат како и за пресоблекување. За оваа намена треба да се изгради една привремена колиба со основа 3 x 3m од дрво, трска или тула со можност за затворање. Но, многу е подобро однапред да се изгради една од споредните згради, на пр. шупа за гориво, за која исто така имаме градежна дозвола и да ја користиме за складирање. Не смееме да заборавиме ни на изградбата на WC на место што е оддалечено од водата. По довезувањето на алатот и помошните материјали (столарски стеги, јажиња и сл.) можеме да започнеме со организација на довезувањето на градежниот материјал.
Камионот треба да се изнајми така што ќе биде целосно искористен. За растресити материјали треба да се бараат кипери. Мора да избегнуваме евтин, но недозволен транспорт. Допрениот материјал треба да се смести во околината на идната зграда, така што да не го попречува понатамошниот транспорт, бидејќи на овој начин ќе избегнеме непотребни преместувања. Цементот мора да биде сместен под кров или покриен, тули наредени со врзување, без опасност од повреди, песокот и чакалот оградени со тули (поради растурање). Гаснењето на варта најдобро е да му се довери на стручњак.
По ова можеме да го »обележиме« местото на зградата. Ова ќе го направи мајсторот-изведувач. Тој ќе го одреди точниот положај на зградата на земјиштето, положбата на аглите и податоците за висините. Од местото каде што ќе се гради зградата треба да се отстрани плевелот и хумусот (за евентуална понатамошна употреба). Градежниот терен треба да биде хоризонтален за мајсторот да може со канап да го одреди положајот на темелите. Ширината на рововите за темели се обележува со колци. Можеме да учествуваме, под надзор на мајсторот, и во овие работи, а копањето на рововите е целосно наша работа. На лабав терен се потребни потпори, а на цврста почва мораме рововите да ги изработиме точно по дадените димензии, така што ќе ги одесаме страните на ѕидовите. Ископаната земја обидете се да ја израмните на самото место, 1-2 m од ровот, но најчесто е потребно да се транспортира. Транспортот на земјата најдобро е да се реши како повратен транспорт на камионот што го доставува градежниот материјал. По копањето на рововите, најдобро е веднаш да се започне со изработка на темелите (за да не ги оштети дождот рововите) (сл. 2).

СЛИКА 2
Градба
Длабочината на темелот треба во секој случај да биде најмалку 30 cm под нивото на теренот, под границата на замрзнување. Најбрз, а воедно и најекономичен темел е т.н. »пливачки камен«, кој врз основа на упатствата на мајсторот можеме и сами да го изработиме. Темелот од тули е многу скап и може да го гради само стручњак. На ридести места најдобро ќе одговара темел ѕидан од камен. По изработката на темелот на надворешните главни ѕидови, треба да се изработат темелите на средните и преградните ѕидови.
Врз основа на претходното, со внимателна работа, веќе ги изработивме потребните темели. За добра изолација мајсторот ќе постави два слоја битуменски изолациски плочи 150 и три слоја топол битумен ќе обезбедат целосно затворање. Треба да се обрне внимание и на тоа изолацијата да биде за 3–10 cm поширока од ѕидот и при составот да има најмалку 15 cm преклоп. Водорамната изолација на основните ѕидови треба насекаде да се приклучува на водорамните изолации на средните ѕидови и на изолациите под подот. Мнозина ја занемаруваат внимателната изолација, меѓутоа, изолацијата е еден од основните предуслови за употребливоста на зградата (сл. 3)

СЛИКА 3
Почетокот на надворешните главни ѕидови, внатрешните главни ѕидови и преградните ѕидови треба да биде најмалку за 30, а уште подобро за 40 cm, над нивото на околниот терен во близина на планираното ниво на подот. Мајсторот, кој ја врши организацијата на работите и т.н. прецизни работи, многу можеме да му помогнеме при ѕидањето. Затоа е препорачливо ѕидањето, една од операциите што бара многу работа, добро да го подготвиме и детално и внимателно да го разработиме планот на неговиот тек.
Без оглед на тоа кој материјал го користиме за ѕидање, тули, шупливи тули, блокови, мразоотпорен кршен камен или обработен благороден камен, следните златни правила ќе важат за секое ѕидање.
- Да не тежнееме кон тоа сè сами да направиме! Добар квалитет на ѕидањето може да обезбеди само квалификувана работна сила. Ако не сме ја изучувале ѕидарската занает, тогаш да помагаме во пренесување тули, во додавање, во мешање и пренесување малтер, во пренесување скелиња и сл. (сл. 4).

СЛИКА 4
2. Потребната носечка ширина на ѕидот ја одредува стручњак уште при проектирањето. Потребната дебелина за топлинска изолација зависи од материјалот на ѕидот и минималната вредност на оваа големина, во согласност со поднесувањето на оптоварувањето, е регулирана со прописи. Не смее по секоја цена да се штеди на дебелината на ѕидовите, бидејќи подоцна ќе имаме поголеми трошоци за греење, а дополнително, на тенки ѕидови е можна појава на таложење на водена пареа, што е штетно за здравјето и го уништува малтерот и мебелот. За нашите температурни услови пожелни се ѕидови од тули со ширина 38 cm (без малтер). Ѕидовите од камен треба да бидат најмалку 50 cm широки (и поради поднесување на оптоварувањето). Постојат и различни други комбинации на ѕидови од кои најпозната е комбинацијата од надолжно поставени шупливи тули и на раб поставени помали тули. Дебелината на овие ѕидови е 33 cm, но бара внимателно изведување на работите. Добар ѕид е целосно вертикален и поединечните елементи во него се поставени со врзување. Кај ѕидови од тули треба особено да се обрне внимание и на тоа редовите од тули да бидат еднакво и хоризонтално поставени. За да се одржуваат димензиите при ѕидањето, треба да се користат дрва, летви, конопци, висулец и често да се контролира исправноста на ѕидањето (најмалку по 2-3 ред).
3. Хоризонталните и вертикалните празнини (кај каменот коси) треба да бидат околу 1 cm и овие празнини треба добро да се исполнат со малтер. Квалитетот на малтерот го одредува стручњак; обично се користи малтер од ознака H4 или H6. За зидање столбови и оџаци потребен е малтер засилен со цемент. Малтерот мора многу внимателно да се измеша така што во него да нема грутки од песок и вар. За мешање на малтерот треба да се употребува одлежана вар и песок без глина, без тиња и без нечистотии.
4. При ѕидање, над висина од околу 1 m потребни се веќе скели! Скелите можат да ги изработат само за тоа квалификувани работници, или се изработуваат врз основа на упатство од мајсторот, а материјалот за скели мора да биде целосно исправен со соодветен под. На скелите треба да се постават пристапни даски со летви за спречување на лизгање. Кутијата за малтер треба да се наполни така што при транспортот да не дојде до расфрлање. Со оглед на тоа што при ѕидање се троши поголема количина малтер, за секој ѕидар треба да се подготват две кутии.

5. Не смееме да дозволиме неред на градилиштето! Во текот и по завршувањето на работата треба да се исчистат скелите за да не се врзе малтерот на подот. Треба да се исчистат и сандаците за малтер и да се подготви само толку малтер колку што ќе се употреби тој ден. Треба да се соберат паднатите тули и да се исчисти теренот од отпадоци за да се ослободат транспортните патеки. Тулите треба да се донесат и наредат така што на мајсторот ѕидар да му бидат при рака, внимавајќи купот да не се урне и да падне.
6. Учинокот на еден ѕидар е вградување на 800-1000 тули за осум часа. Ако работата се организира така што еден работник става малтер, друг ги подава тулите, третиот (мајсторот) поставува одн. ѕида, а останатите (членовите на семејството) вршат донесување на материјалот, можно е за осум часа да се вградат и 7000 тули. На овој начин главните ѕидови на семејната зграда можат да се завршат за 4–5 дена. Особено внимание треба да се обрне на правилното изведување на споевите на ѕидовите, на аглите, на рамките на отворите, на нивното внимателно нагодување и нагодување на врзувањето.
7. Дебелините на преградните ѕидови можат да бидат 6, 10, 12 и 25 cm (во зависност од барањата на конструкцијата и преградувањето). Изградбата на преградните ѕидови треба да ја врши стручњак, бидејќи овие ѕидови мора да се вклучат во жлебовите на главните ѕидови, а преградните ѕидови од блокови треба да се снабдат и со зајакнувања. Обратете внимание дека дебелината на блок-ѕидовите на »влажните« простории (бања, кујна) да биде најмалку 10 cm, бидејќи подоцна, при изработката на потребните жлебови, ѕидовите од 6 cm ќе се уништат.
8. И на крај неколку зборови за заштита на здравјето на учесниците во изградбата на семејна куќа. На работното место треба да се обезбеди можност за миење, мала просторија за складирање и сушење на испотени работни одела, масло против сонце (за сончање) и мрсна крема за нега на кожата. Изранетите и од малтер изедени раце треба внимателно да се измијат, раните треба да се дезинфицираат, а плускавците да се намачкаат. Против прекумерно дејство на сонцето – особено оние што не се навикнати на тежок физички труд – треба да користат масло за сончање, шешир со широк обод и лесна облека. Децата треба да се оддалечат од градилиштето, од јамата за гасење вар. Вакви, за игра примамливи места треба да се оградат и уредат.
Класичен градежен материјал, тула е многу значајна, така што две слики им посветивме на овој материјал за да ги прикажеме неговите карактеристики, одн. »норми на употреба« (сл. 5 и сл. 6).

СЛИКА 5
Броевите во малите рамки покажуваат колку парчиња тула се потребни за 1 m2 ѕид од различна дебелина, од тули со различни димензии. Оние што сами изведуваат градба лесно ќе ги пресметаат површините на ѕидовите на планираните простории. Пресметката на волуменот на ѕидовите е веќе покомплицирана и токму затоа го зададовме односот меѓу бројот на парчиња и површината на ѕидот (исклучително го зададовме потребниот број тули за столб со висина 1 m).
При определувањето на овие податоци го зедовме предвид и просторот што го зазема малтерот и таму каде што бројот на парчиња за 1 m2 не беше цел број, заокруживме нагоре.

СЛИКА 6
Ги насочуваме градителите на тоа дека потребниот број тули на аглите за меѓусебно врзување на ѕидовите изостанува ако пресметката ја вршиме врз основа на внатрешните површини. Затоа, должината на еден ѕид во составот треба да се зголеми за вредноста на дебелината на ѕидот. Тулите наредени во редови претставуваат само куп материјал, дури со врзување со малтер ќе стане ѕид. Малтерот е мешавина од гасена вар, песок, вода и цемент со густина на кајмак.
Примена на разни видови малтер
Малтер ознака H4 - за малку оптоварени ѕидови.
Малтер ознака H6 - за помалку оптоварени темели од тула и камен, за оџаци, за преградни ѕидови и за сводови.
Малтер ознака H10 - за носечки ѕидови дебели 25 cm и помалку и за столбови со помали основи од 0,1 m2
Малтер ознака H25 - за главните ѕидови на просториите во подрумите на зградите.
Малтер ознака H50 - за столбови од тули со зајакнување за случај на »агресивни« подземни води.
Малтер ознака Н80 - за случај на »агресивни« подземни води.
Малтер ознака H90 - за случај на многу »агресивни« води.
Покрај овие аспекти, секако, меродавни се и барањата во поглед на цврстината.
Состав на поединечни видови малтер
H10: 1,00 m3 песок, 250 kg цемент марка 300 или 0,25 m3 вар
200 kg цемент од марка 400
Н25: 1,00 m3 песок, 350 kg цемент марка 300 или 0,10 m3 вар
300 kg цемент од марка 400
H4: 1,00 m3 песок 0,25 m3 вар
H4f/100h: 1,00 m3 песок 100 kg цем. марка 300 0,25 m3 вар
H4f/75n: 1,00 m3 песок 75 kg цeм. марка 400 0,25 m3 вар
H4f/50 o: 1,00 m3 песок 50 kg цем. марка 500 0,25 m3 вар
Н6: 1,00 m3 песок 175 kg цем. марка 300 или 0,25 m3 вар
150 kg цем. марка 400
VP/100h: 1,00 m3 песок 100 kg цем. марка 300 0,33 m3 вар
а/250 h: 1,00 m3 песок 250 kg цем. марка 300 —–
o/225n: 1,00 m3 песок 225 kg цем. марка 400 —–
Креда со грутки или неизмешана и неквалитетно изгасена креда ќе предизвика кратери на ѕидот во облик на траги од зрна.
Неколку видови бетон
Добро е да се познаваат карактеристиките и неколку видови бетон со напомена дека цврстината на главниот врзувачки материјал, цементот, се зголемува со зголемување на бројките (200, 300, 400, 500). Означувањето на бетон од B50 до В500 ја означува, пак, неговата цврстина на притисок. Еве неколку видови за »асортиман«:
В - 50: 1,20 m3 шљунка 150 kg цемента од марка 300 или 110 kg цемента од марка 400
B - 70: 1,20 m3 чакал 190 kg цемент марка 300 или 150 kg цемент марка 400
B - 100: 1,20 m3 чакал 250 kg цемент марка 300 или 200 kg цемент марка 400
В - 140: 1,20 m3 чакал 270 kg цемент од марка 300 или 250 kg цемент од марка 400
B - 200: 1,30 m3 чакал 278 kg цемент од марка 500
Ако веќе подобро ги запознавме тулите и малтерот, да напоменеме и тоа дека начинот на врзување на тулите со поставување по должина во правец на должината на ѕидот се нарекува должински слој (сл. 7, 1 дел). Постои уште и насатичен слој (сл. 7, 3. дел) и т.н. војнички слој (сл. 7, 4. дел) во едноредна варијанта.
Циглите може да се пресечат по должина и попречно на половина, но често се потребни парчиња од 1/4 и 3/4-ти дел. Со нив се формираат столбови. Многу е важно горниот слој на цигли да биде поместен за една половина поделба во однос на слојот што се наоѓа под него. Ова врзување ја обезбедува цврстината на ѕидот. Важно е и тоа малтер да има не само меѓу поединечните слоеви, туку и меѓу поединечните цигли во слојот во страничен правец (сл. 7, долен дел).

СЛИКА 7
На готовите слоеви со мистрия треба да се нанесе рамномерен и редок слој малтер со дебелина од околу 1 cm; на овој слој да се постават цигли (3), а на краевите на циглите исто така треба да се нанесе малтер (2). Поставените цигли треба со удари најпрво од горната страна да се доведат на своето место (4), а потоа и од страничната (5) страна (удари на челото што не е намачкано со малтер). Реткиот малтер ќе протече и во вертикалните фуги и така ќе се постигне добро сврзување.
За преполовување тули е погодно да се обележи должината на дршката од чеканот и така лесно ќе го означиме местото за сечење на половина или четвртина тула. На местото на сечење треба да се повлече подлабока линија од двете страни на тулата и со удирање во средината на делот што сака да се отсече, тулата се крши. При оваа операција тулата треба да се држи во левата рака.
За малтерисување е потребно уште поголемо искуство отколку за сечење тули. Истурањето на содржината од малтерската мистрија на ѕидот со само еден движење на раката тешко ќе го научи оној што ретко се занимава со ѕидарскиот занает. Поради тоа, подобро е малтерот да се стави на поголема равњача и потоа, тргнувајќи од долниот крај на ѕидот - држејќи ја равњачата хоризонтално и под агол од околу 20° во однос на ѕидот - со благ притисок на ѕидот да се нанесе малтерот на површината (слика 8).

СЛИКА 8