Изолирањето на влажни ѕидови е сложено, но важно и корисно како поправка. Пред да се осврнеме на изолирањето, да се запознаеме со основните ѕидарски алати. Кашика или фангла служи за нанесување материјал (сл.1, 1. дел). По можност да го избираме најмалиот можен фангла, бидејќи постојаното придвижување на наполнет фангла силно го оптоварува зглобот на раката. За распоредување и израмнување на малтерот служи мистрија (сл.1, 2. дел).
Kaj mistrijata e mnogu važno srednata linija na drškata da minuva niz vrvot na mistrijata. Pri izborot na mistrija prednost imaat onie so pomali dimenzii i so zaoblen vrv. Drvenite glodalici (perdaški) služe za ramnanje na malterot (sl.1, 5. del). Glodalicite mora da gi imame vo kolku što e možno poveḱe dimenzii, odnosno golemini. Pri izborot na zidarскиot čekić (sl.1, 4. del) najdobro e da se izbere onoj so eden sečivo, bidejći čekićot so dve sečiva (čekić-sekač) služi za specijalni raboti, a osven toa 1,5 pati e potežok od čekićot so edno sečivo, čija težina e 0,7 kg. Važni alati se ušte i libelata (sl.1, 6. del) koja treba da bide što pogolema, visakot (sl.1, 3. del) koj možeme i sami da go izrabotime, letvi za merewe, ramnanje i kontrola i kanap. Dolgite letvi može da posluža i za ramnanje na ciglite, taka što letvata ja postavuvame do redot postaveni cigli i so udari po nea gi ramnuvame oddelni te cigli vo prava linija. Kanapot e potreben kako vodilka za postavuvawe na redot cigli, i toa taka što kanapot go vrzuvame na dvata kraja na zidot na dve letvi, kako i za kontrola na ramninata na gotovite zidovi (sl.2). Kade što kanapot se oddalečuva od zidot, tamu zidot e udaben, a kade što go pritiska, tamu e ispupčen.

Накнадната изолација на влажни ѕидови чиј малтер веќе се распаѓа, а бојата отпаѓа, е, како што рековме, една од работите што задава најмногу грижи и најтешко се решава. Целосното решавање на овој проблем е многу долготрајно и може да се постигне само со значителни инвестиции.
Пред да започнеме со дополнителната изолација на вакви влажни ѕидови, треба да се увериме дали постои можност изолацијата да се вовлече под нивото на подот на објектот. Ако таква можност не постои, ако објектот има бетонски под, без подрум - штета е да се започне работа, бидејќи влагата ќе ја заобиколи новата изолација.


За последователна изолација се потребни поголеми и внимателно изведени ѕидарски работи, што значи дека ваква работа бара одредена стручност (сл.3, 1. дел). Прво е потребно да се отвори ѕидот на саканата линија. Оваа линија треба да биде над нивото на теренот, но под нивото на подот на приземјето. Кога ќе ја одредиме соодветната линија, треба да се разбие малтерот на ѕидот и од внатрешната и од надворешната страна и да се најде таква линија, каде редовите на тули се приближно хоризонтални. Треба да се внимава да се најдат точните места на разните електрични и други водови во ѕидовите за да не ги оштетиме случајно. Самонесечките - главни ѕидови и нивните продолженија треба да се изолираат. Споредните ѕидови, кои се градени на меѓукатни конструкции, не е потребно да се изолираат дури и ако се привидно влажни, бидејќи влага можат да добијат само од страничната страна од главните ѕидови. Со изолирањето на главните ѕидови ќе исчезне влагата со природно сушење и од овие споредни ѕидови.
Отворање на ѕидовите
Отворањето на ѕидовите го започнуваме со вадење на тули над избраната линија (сл.3, 2. дел). Околу почетната тула, горе, долу и од страните, го изгребуваме малтерот, потоа со удирање по тулата лево-десно и горе-долу, ја олабавуваме и ја извлекуваме. По отстранувањето на првата тула многу лесно ги отстрануваме останатите. За да не ја нарушиме носивоста на ѕидовите, смееме да отвориме ѕид во должина од една до две тули. Отворањето на ѕидот на поголема должина е опасно!

Отворањето на ѕидови чија ширина е 1,5-2 тули, на пр. викендичка, е релативно лесно. Многу потежок задаток е отворањето на главните ѕидови на семејните згради, чија ширина изнесува повеќе тули. Кога, при отворањето на ѕидовите, ќе ги отстраниме тулите, препорачливо е на нивно место да се постават потпори од половина и четвртина тула за да не дојде до одронување за време на работата и до повреда на раката (сл.3, 4. дел). Ако успеавме целосно да го отвориме ѕидот, да ги израмниме ослободените површини на основните ѕидови и да ги намачкаме со дебел слој изолациона маса или со UB-B-55 одн. UB-B-65 битумен. На така подготвената основа потоа поставуваме изолациски битуменски ленти со ширина 15-40 cm кои претходно сме ги намачкале со битумен. Лентите треба да се постават така што да ја преклопуваат површината на ѕидот. По можност треба да се користат изолациски ленти со ознака (сл.3, 3. дел). Над ова, со прилично напорна работа, треба да поставиме нови, сосема исправни и несмрзнувачки тули во силен цементен малтер и така да го заѕидaме отворот. Над новиот ред тули и под тулите на стариот ѕид треба со помош на железна шипка да се набие малтер во кој можеме да измешаме ситни остатоци од тула. На овој начин, одејќи долж главниот ѕид дел по дел, ќе можеме да извршиме дополнителна изолација на ѕидот.
Наместо вадење, одн. отворање, на ѕидот на овој начин, може да работиме и со пила ако ѕидот е изработен од мек камен или ако дебелината на малтерот меѓу ѕидовите е голема и се наоѓа во хоризонтална рамнина. Во овој случај, на едно место го пробиваме ѕидот и низ проширениот отвор ја провлекуваме пилата за ѕид. Со пилата побрзо можеме да ги отстраниме редовите тули, секако, повторно во мали парчиња. Ако малку го прошириме отворот што сме го направиле со пилата, ќе можеме и непосредно да ја внесеме изолациската лента што од двете страни е премачкана со битумен. По целосното врзување треба да се набие цементен малтер над битуменот. Еден од постапките за изолирање е електроосмозниот постапок.
Познато е дека влагата продира во ѕидовите од темелите нагоре по капиларите. Ова продирање е потпомогнато од потенцијалната разлика меѓу основата на теренот и долните делови на ѕидовите. Со вградување на изолирачки електроди, продирањето на влагата автоматски ќе престане.
Електродите се вградуваат во ѕидот над нивото на теренот и под долното ниво на подот за 15 cm. Тие се изработуваат од железни прачки - арматурно железо, со дијаметар 12-15 mm. Ги поставуваме во дупки избушени со бургија од 2 cm, на растојание една од друга од 40 cm. Електродите ги поставуваме и од внатрешната и од надворешната страна, така што краевите на електродите се оддалечени една од друга за 2-3 cm на средишната линија на ѕидот. По поставувањето на електродите, отворите треба да се наполнат со цементен малтер. Краевите на електродите што излегуваат од ѕидот треба да се поврзат со челична жица со дебелина 6-8 mm, а челичната жица со едно рамно железо со димензии најмалку 60x60x8mm, поставено под нивото на теренот. Од естетски причини, добро е челичната жица што ги поврзува електродите да се вдлабне во ѕидот. Елементите на оваа инсталација ги поврзуваме со лемење или заварување. Треба да се внимава системот на електроди и жица да не дојде во допир со електричната мрежа или со водовите за заземјување. Системот на електроди во некои случаи, врз основа на локални мерења, треба да се потпомогне со приклучување на нисконапонска еднонасочна струја.
По изолацијата на влажниот ѕид следува малтерисување на ѕидот, а како тоа се прави можете да прочитате во статијата Поправка и замена на малтер