Бетонот е градежен материјал со кој е лесно да се работи, затоа што е многу »послушен« и употреблив за разни домашни работи и работи во градината. Од бетон може да се изработи ограда, клупа во градината, патека во градината, тераса и сл., а може и да се бојадиса.

Основи на бетонирањето

Бетонот е вештачки градежен материјал, се состои од три главни дела: додатен материјал, цемент и вода. Од природните додатни материјали во употреба се речен или руднички чакал, одн. песоклив чакал, а поретко здробен камен или на камен слична цврста материја.

Вештачките дополнителни материјали се: котларска згура, згура од високи печки, перлит и керамзит. Важно е дополнителните материјали да имаат приближно иста гранулација, што се обезбедува со просејување.

Врзувачкиот материјал на бетонот е цемент. Според класификацијата на цврстина (поголемите броеви означуваат подобар квалитет) се употребува цемент со ознака 300, 400 и 500. За мешање може да се употреби и комунална вода, како и речна и езерска, но без хемикалии што се штетни за цементот (калциум, магнезиум, шеќер, сулфати од минерални води) со pH-вредност не помала од 6 и не поголема од 8,5). Во бетонот по потреба можат да се додадат и средства за спречување на смрзнување, за забрзување на врзувањето, за боење и сл. Средства за спречување на смрзнување се калциумовиот хлорид и средството под името Tricosal S III. Тоа се истовремено и средства за забрзување на врзувањето. Двете средства може да се користат само според дадените упатства, бидејќи влијаат врз конечната цврстина на бетонот и го напаѓаат бетонското железо. Поголема количина од овие средства може да доведе до хемиско распаѓање на бетонот. (Количината на калциумовиот хлорид може да биде најмногу 3% од количината на цемент кај бетон без арматура, а кај армиран бетон 1,5%). Врзувањето се зголемува со средството Tricosal Normal.

За боење на бетон можат да се употребуваат оксидни или мангански бои, кои се отпорни на хемиските влијанија на цементот. Никако не е потребно да се бојадисува бетонот по целата дебелина на слојот. Се бојадисува само надворешниот, покривен слој.

Количината на материјал за правење бетон зависи од квалитетот на бетонот. За бетон што служи како основа или како полнеж одговара квалитет B 70. За 1 m3 бетон потребно е 1,1-1,3 m3 дополнителен материјал, 150 kg цемент 400 и околу 130 литри вода. Квалитетот на бетонот за армирано-бетонски конструкции треба да биде најмалку B 140. За овој квалитет на бетон исто така се потребни 1,1-1,3 m3 чакал, 210 kg цемент и 120 литри вода.

Пред мешањето на бетонот, додатниот материјал треба да се просее така што во една серија да се додаде само материјал со иста големина на зрната. На овој материјал, уште во сува состојба, треба да му се додаде просеан цемент без грутки, а пред додавањето на водата смесата треба најмалку три пати да се промеша со лопата (најдобро е да се меша на некоја челична плоча или на даски): Во текот на повторените две префрлања на смесата од чакал и цемент со лопата, од мала висина треба да се додаде потребната количина вода со помош на кофа со прскалка (за да не би водата го измила цементот). По завршеното мешање влажноста на бетонот треба да биде идентична со влажноста на земјата. (Внимание! Привидно сувиот бетон се уште и сам од себе навлажнува!).

Олабавениот и навлажнет терен, како и нечистотиите од местото каде што сакаме да употребиме бетон, треба да се отстранат, а површините што ќе дојдат во допир со бетон треба да се навлажнат. Бетон не смее да се спушта од височина или да се фрла. Ако се става во шаблон, треба добро да се набие. За домашни работи најдобра е рачната метода на набивање. Набијач за бетон може да се изработи од прачка со квадратен или кружен пресек, тежина 10-17 kg, со рачка долга 1,2 m. Набивањето треба да биде континуирано и треба да се внимава да не останат делови што не се набити. Подебелите структури од бетон треба да се набиваат приближно на секои 20 cm. Побетоните што се попластични, особено за армирано-бетонски конструкции, можат да се набиваат и така што железна зашилена прачка со пречник 20–30 mm се забодува во бетон сè додека на површината не се создаде жилав слој налик на малтер.

Вградената бетонска смеса треба најмалку два дена да биде постојано влажна и затоа повремено треба да се полева со вода или да се покрие со влажен покривач. Бетонoт треба да се заштити од временски непогоди, потреси, силно сонце, ветер и разни хемиски влијанија. Сите овие влијанија се штетни за процесот на врзување на бетонот, а со тоа и за цврстината на бетонот.

Изработка на бетон во боја

При изработка на обоен бетон во бетонот се додаваат соодветни пигменти и материјали за боење.

Пигменти за боење на бетон

Од што - колку?

Со додавање бои, во секој случај, се намалува цврстината на бетонот и затоа треба да се биде внимателен и бојата да се додава само умерено. Додадената боја никако не смее да надмине 10% тежински дел од цементот. Често добиениот тон зависи од количината на додадената боја (на пр., со додавање на 6% железо-оксид-жолта се добива силна жолта, а со додавање на количина од 2% се добива крем боја). Со мешање на повеќе тонови можат да се добијат и нови варијанти. Така, на пр., со додавање на 4% железо-оксид-црвена и 4% железо-оксид-жолта се добива силна црвена, тулиста боја. Со мешање на тоновите железо-оксид-жолта и хром-оксид-зелена ќе се добие многу убава нијанса на зелена боја. Ако наместо хром-оксид-зелена боја се меша ултрамарин, бетонот ќе биде тиркизно син. Со додавање мала количина црна, сите тонови во одредена мера се пригушуваат.

Бојата што ја додаваме на бетонот треба да има добра покривна моќ и моќ на боење (со додавање на мала количина боја да се добие рамномерен тон). Најдобри се органските и некои синтетички пигменти. Неколку количински податоци: за една вреќа цемент потребни се 1,5-4,5 kg боја. Со додавање на 1 kg боја на цемент за покривен слој со дебелина 1 црн (на пр. за тротоар) се добива обоен бетон за покривање на околу 1m2 површина.

Најчесто употребувани бои

Бокситно црвената е мелница што содржи околу 20% железен оксид. Отпорноста кон време, светлина и температура на оваа боја е иста како отпорноста на железниот миниум, но има помала моќ на боење.

Кобалтно сината е вештачка неорганска боја што содржи кобалтов и алуминиумов оксид. Посветлата нијанса на оваа боја е церинова сина која содржи калајен оксид. Поради малата покривна моќ и ефектот на боење, треба да се додава во поголеми количества во бетонот, што може да предизвика пукнатини. Може да се вметне во бои што се отпорни на атмосферски влијанија, на светлина и на температура и што се врзуваат со цемент.

Зелениот хромов оксид е вештачка неорганска боја. Отпорна е на светлина, на атмосферски влијанија, на температура, на киселини и бази. Употреблива е со цементно врзно средство и може да се меша со сите пигменти. Има одлична покривна и боејна моќ.

Мангановата кафеава е вештачка неорганска боја што содржи 20% манганов оксид. Отпорна е на светлина и на атмосферски влијанија и може да се употребува со сите врзива, но со мешање со пигменти што содржат сулфур ќе се добие црн тон.

Мангановата црна е самелен природен неоргански материјал (земјана боја) со содржина на железен и манганов оксид. Отпорна е на вар и на цемент, на слаби киселини, на светлина и на атмосферски влијанија. Има одлична покривна моќ, а добро поднесува и температурни влијанија.

Окер жолтата е природна неорганска боја. Тонот на оваа боја се менува од светложолта па сè до кафеава и се изработува во многу нијанси. Содржи хидрат на железен оксид (Fe203 - Н2О) и манган. Железниот оксид му дава црвен, а манганот кафеав тон. Отпорна е на светлина и на атмосферски влијанија, слабо е отпорна на киселини и на температура.

Смарагдно зелена (Guignet –– зелена) е хидрат на хромов оксид. Таа има нешто поогнен тон од хромовиот оксид и поголема отпорност на температура.

Шпанска црвена е природна неорганска боја која се добива со распаѓање на хематитот (црвена железна руда). Содржи 80-90% железен оксид. Има одлична покривна и боејна моќ, отпорна е на светлина, на атмосферски влијанија, на температура и може да се меша со сите врзни средства.

Ултрамарин сино е вештачка неорганска боја што содржи натриумов и алуминиумов силикат со содржина на сулфур. Отпорно е на светлина, на температура, но не е отпорно на атмосферски влијанија, бидејќи димните гасови во воздухот го напаѓаат. Не може да се меша со пигменти што содржат олово, бакар, кобалт и железо. Може да се меша со материјали што се врзуваат со водено стакло, вар или цемент. На површини понекогаш предизвикува дамки. За боење цементен малтер може да се користи само чист ултрамарин.

Ultramarin zelena. Ultramarin sinata vo prvata faza od procesot na proizvodstvo ima zeleni ton i vo ovoj oblik isto taka se prodava. Svojstvata na ultramarin zelenata se približno isti kako i na sinata, no nejzinata boena moć i otpornosta na svetlina se pomali.

Умбра (сомотно кафеава) е природна неорганска боја со содржина на железен и манганов оксид. Таа е единствената кафеава земјана боја. Отпорна е на атмосферски влијанија, на светлина и има средна отпорност на температура. Може да се меша со сите врзни материјали и пигменти.

Железен миниум (црвен железен оксид, железен пирит) е природна неорганска боја што содржи 75% железен оксид (Fe203). Тоа е земјена боја, но може да се добие и со печење на железна руда и глина. Отпорна е на атмосферски влијанија, на светлина, на температура и на слаби киселини. Често се употребува и има одлична покривна моќ.

Црниот железен оксид е вештачка неорганска материја со содржина на феро - (феро-оксид) (Fe304). Употреблив е за бои со цементни врзива, отпорен е на атмосферски влијанија, на светлина, на температура и на влијанија од слаби киселини. Има синкасто црна боја и добра покривна моќ.

Железен оксид жолт (марсова жолта, оксиден окер и сл.) е вештачки производ на окерни земјени бои. Својствата им се идентични.

бетон во боја

При изработка на бетонот многу е важно бојата што подобро да се измеша и, во случај кога се нанесува само во последниот слој, веднаш да се нанесе на основниот слој и да се набие. Важно е исто така кофражот да се намачка со парафинско масло за полесно вадење. За изработка на плочки за тротоар одличен шаблон може да се направи со неколку алуминиумски ленти, свиткани во форма на буквата L, со ширина 10 cm, дебелина 1-2 mm и одредена должина, кои во саканата форма можат да се прицврстат со клинци на некоја основна дасчена плоча.

Треба да се обрне внимание на тоа дека тонот на бојата по сушењето е многу посветол, па затоа е препорачливо прво да се направи некој примерок на тон.

Бетонска ограда

Декоративна ограда од бетонски елементи

Декоративната ограда се изработува од бетонски елементи што се поставуваат врз основа од два реда тули и меѓу столбови од тули. Елементите се изработуваат во шаблони. Основата и рамката на шаблонот се изработуваат од рендисана даска. Две дијагонално спротивни рабови на шаблонот меѓусебно се прицврстуваат клинестo, по потреба со клинци или завртки; третата се прицврстува со зглобни шарки, а во четвртата треба да се постават по две завртки со прстенеста глава една под друга (сл. 1, 1 дел). Во средната дрвена коцка и во долниот дел на дрвените влошки (4 парчиња во форма на буквата L) треба да се постават дрвени чепови, а во долната дасчена плоча треба да се издупчат соодветни отвори за вклопување на чеповите: Кога се изработуваат бетонски елементи, прво треба да се постават дрвените влошки на своите места, да се затвори шаблонот и да се прицврсти со осовинка (дрвен чеп) поставена во прстенестата глава на завртките. Потоа шаблонот треба да се наполни со бетон што е измешан од ситен чакал и цемент од марка 300. Ако бетонoт е пола врзан, треба да се расклопи шаблонот, да се извадат влошките и да се продолжи со изработката на следниот елемент.

Ако веќе сме изработиле доволен број бетонски елементи, можеме да започнеме со изработка на оградата. Поставиме, по можност, на бетонска подлога или на подлога од камен, два реда тули и >>ги подигнеме<< столбовите.

Изработка и поставување на бетонски елементи на ограда

СЛИКА 1

Бетонските елементи треба да се постават во цементен малтер за подобро да врзуваат и да бидат поцврсти. За поголема цврстина на оградата, бетонските елементи треба да се „врзат“ за столбовите од тули. Над редот елементи треба да се забодат во столбовите парчиња силна жица свиткана во форма на буквата U, па тие над редот елементи да се поврзат со жица. На овој начин ќе се обезбеди доволна цврстина (сл. 1, 2. дел).

При ѕидањето, веќе од вториот ред мораме да користиме либела и висак, бидејќи нерамномерно ѕидана ограда дава многу лош естетски впечаток, претставува потенцијална опасност од незгоди и има пократок век на траење.

Фугите меѓу елементите треба да се пополнат со малтер со спротивна боја и внимателно да се порамнат. Кога ќе се достигне соодветната висина, горниот дел на елементите и столбовите треба да се покрие со бетонски плочи. При поставувањето на бетонските плочи не смее да се штеди на цементниот малтер, бидејќи во спротивно плочите лесно може да паднат.

Декоративната ограда од бетон е долготрајна и убава. Се разбира, може да се изработат и елементи од друга форма ако се направат соодветни шаблони. Декоративниот ефект на оградата може да се зголеми со ползавци.