Во целосното уредување на станот спаѓа и обезбедувањето греење. Централното греење е најсовремено и најповолно решение. Ако во станот имаме такво греење, ни останува само одржувањето на цевководната мрежа и грејните тела. И уште нешто - заштита на ѕидовите над радијаторите од црни дамки од изгорена прашина.

Табела на потребната топлина за греење според волуменот и условите на станот

За пресметување на потребата од ложење не е доволно да се знае калориската вредност на горивото, бидејќи таа пресметка зависи и од многу други фактори како што се, на пр., правецот на ветровите, изолациската моќ на ѕидовите и сл. Пресметката е сложена (и не дава најточен резултат), затоа во табелата се дадени информативни податоци за потребната топлина. Треба уште да се знае дека при користење на цврсти горива загубите на топлина изнесуваат 20–50%, а при користење на електрична енергија, течни горива и гас 10 20%.

Врз основа на дадените податоци може да се проценат и потребните количини на топлина за греење на простории со различни површини и положби.

Греење на гас

Иако греењето на гас е современо и евтино, сепак постојат бројни опасности при ракувањето со гасни апарати и нивната инсталација. Се разбира, само тогаш ако тие опасности не се познаваат доволно или ако кон нив се однесуваме небрежно. Добро е познато дека бројот на повреди не е најголем на патиштата и во фабриките, туку токму во домаќинствата. Меѓу овие незгоди, поголемиот дел настанува поради нестручна употреба на гас и гасни апарати. Правилото »направи сам« кај гасот не само што не е пожелно, туку во повеќето случаи е и строго забрането! Но, оваа забрана не значи дека мајсторот во куќата воопшто не смее да се занимава со тој »табу«. Напротив, дури е пожелно да ја познава и оваа област во која е потребна одредена стручност. Така полесно ќе ги процени постојните опасности и ќе може да одлучи до каде сам смее да ја поправа и одржува гасната инсталација.

иако разорното дејство на гасот многукратно го надминува дејството на електричната струја, сепак гасот не е толку подмолен, бидејќи опасноста од него полесно и побрзо се забележува. Денес се во употреба три вида гас: гас од градската мрежа, наречен градски или светлечки гас, гас што се вади од земјата и со цевководи се доведува до потрошувачите, земен гас, и конечно, пропан-бутан, кој се транспортира во челични боци и скратено се нарекува РВ–гас

Главните карактеристики на овие гасови се дадени во следната табела:

Гас                         Релативна специфична тежина на воздухот                    Топлотна моќ

(0 - 1)                                             килокалорија/м3

Градски гас                                    0,64                                               3600 - 4000

Земен гас                                      0,62                                                9000 - 9900

РВ - гас                                         1,89                                              27000 - 29300

Најважно е да се придржуваме до следниве упатства: ако почувствуваме мирис на гас СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО да се вклучи електрично осветлување, да се запали оган, да се влезе во просторијата со чевли што имаат клинци, да се вклучи или исклучи приклучокот, да се вклучи вентилатор! Челичните шишиња со ПБ-гас забрането е да се употребуваат или складираат во простории што се под нивото на теренот или покрај врати и прозорци, бидејќи гасот подоцна, поради тоа што е потежок од воздухот, не може ни со проветрување да се отстрани. Ако постои сомневање дека гасот некаде истекол, треба да се соблечат чевлите и да се влезе во просторијата, внимателно и полека да се отворат вратите и прозорците.

Систематски треба да се контролираат приклучоците на цевководот, гуменото црево и приклучоците на ПБ-гасот, како и функционалноста на вентилите. Ниту еден од овие делови не смее да пропушта гас. Контролирањето на пропустливоста со пламен е ОПАСНО ПО ЖИВОТ и затоа ЗАБРАНЕТО! Контролата можеме да ја извршиме така што сомнителните делови ќе ги намачкаме со силно сапуница вода. Ако се создаваат меурчиња, тоа е сигурен знак дека тој дел пропушта гас.

Особено е важно гасната печка да ни биде постојано чиста. Загорената нечистотија, покрај тоа што го нарушува естетскиот изглед на печката, влијае и врз согорувањето на гасот, па дури може да биде и причина за гаснење на пламенот и за пукнатини во доводот. Најважниот дел на гасната печка е горилникот или »цевката«. Цевката е, всушност, една Бунзенова ламба, која функционира така што пропушта гас низ мала дувалка, иако притисокот на гасот е само нешто поголем од околниот воздушен притисок. Поради малиот пресек на дувалката, гасот со голема брзина влегува во мешачот што има повеќе отвори од страна. Поради големата брзина на струење на гасот, се всмукува околниот воздух, т.н. примарен воздух. (сл. 1, лева страна).

Проток на гасот и примарниот воздух низ Бунзеновиот пламеник на шпоретот

СЛИКА 1

Преку отворите што се наоѓаат на главата на лулето, затоа, струи веќе смеса од гас и воздух и овде повторно се всмукува (сега веќе секундарен) воздух од околината. Како последица на ова двојно мешање се создава Бунзенов пламен без саѓи. Пламенот согорува со синкава боја, речиси воопшто не давајќи светлина, а неговото јадро е изразито зелено. Ако во смесата има многу воздух, тогаш согорувањето е немирно, има саѓи, а бојата на пламенот е жолтеникава. Ако во смесата има многу гас, а брзината на истекување е голема, тогаш гасот ќе излегува во слободен простор побрзо од можноста за согорување и ќе се „откине“ од главата на лулето, а пламенот ќе се изгаси. Ова е многу опасна ситуација, бидејќи и покрај тоа што пламенот е изгаснат, гасот и понатаму излегува. Но не е ништо помалку опасна ниту ситуацијата кога поради премала брзина на истекување настанува враќање на пламенот во мешачот и таму согорува со пукање и мали експлозии (сл.1, десна страна). Причина за преголема брзина на истекување на гасот може да биде проширување на дувалката или зголемен притисок, а за премала брзина - затнување на дувалката или намален притисок. Регулацијата на притисокот се врши со помош на редукционен вентил и оваа работа треба да му се довери на стручњак. Замена на проширена дувалка исто така може да изврши само стручњак. Затната дувалка може и смее да се исчисти, и тоа со пробивање со мека (бакарна) жица. При тоа треба да се внимава да не се прошири отворот на дувалката, чиј дијаметар изнесува само неколку стоти делови од милиметар. Во лулето се сместени две дувалки. Горната дувалка служи за нормално функционирање, а долната за намален пламен. Доводот на гас од водот до дувалката се врши преку конусен вентил (сл. 2, горен дел).

На долниот дел од лулето се наоѓа завртка за подесување на пламенот. Со неа до извесна мера можеме да го подесуваме растојанието меѓу горилникот и долниот дел од садот, но треба да се обрне внимание на тоа дека со промена на положбата на лулето се менува и меѓусебната положба меѓу куќиштето на вентилот и лулето, што значително влијае на инјекциско-усисниот ефект на мешачот. Со подигање на решетката за согорување лулето лесно може да се помести нагоре и да се извади. Затнатите делови на лулето, решетката и капакот може да се исчистат со силна четка од саѓи и изгорени остатоци од јадење. По чистењето деловите треба добро да се измијат со средство за миење и дури по целосно сушење да се вратат на своето место (сл. 2, средина).

Зиме загревањето на кујната може да се реши со пламенот на шпоретот. Тоа само наизглед е поволно и економично. Имено, со согорување на еден кубен метар гас се создава 600 грама вода во просторијата во форма на водена пареа. Оваа вода се задржува на мебелот, се слева по него и го валка, а и за здравјето е штетна. Покрај ова, во просторијата брзо ќе се потроши воздухот, а со тоа и кислородот. Недостатокот на кислород во помала мера може да предизвика главоболка и полесно труење, но често се случува и тоа што намалената содржина на кислород не е доволна за согорување па пламенот се гаси, а истекувањето на гасот продолжува.

греење на гас

СЛИКА 2

Во вакви случаи лицата во просторијата се изложени на опасност од труење. Ако во просторијата нема никого, при влегување и вклучување на електричното осветлување може да експлодира целата зграда. Затоа, при напуштање на станот посебно внимание треба да се обрне на тоа безусловно да се затвори доводот на гас. Треба да споменеме дека за поголеми уреди на гас се употребуваат т.н. горилници на чист гас. За разлика од Бунзеновите горилници, тие немаат примарно мешање со воздухот и затоа бојата на пламенот во нив е жолтеникава.

Конвективно загревање

Често за загревање се користи гас. За жал. инфрацрвените грејни тела се многу проблематични и затоа помалку ги препорачуваме, но затоа препорачуваме конвекциско загревање. (Конвекција – струење на топол воздух). Предноста на оваа гасна печка е во тоа што воздухот потребен за согорување и продуктите од согорувањето се вовлекуваат однадвор, а согорените гасови се одведуваат надвор од просторијата. Според тоа, за печката не е потребен оџак, туку е потребен еден слободен ѕид на просторијата што има допир со воздухот надвор, бидејќи конвекторот може да се постави само на таков ѕид.

Топлината што се создава во гасниот конвектор му се предава на околниот воздух со помош на механизмот на обвивката на печката, а воздухот под дејство на топлината врши кружно движење. Најпогодно е конвекторот да се постави под прозорецот, бидејќи на тоа место во просторијата навлегува студен воздух, а со тоа е и ефектот на греење најголем. Непосредното топлинско дејство на конвекторот со радијација е релативно мало.

Просторот за согорување на гасниот конвектор е целосно затворен, (што значи дека е независен од воздухот во просторијата), потребниот воздух за согорување се добива однадвор, а и продуктите на согорување излегуваат преку двојна цевка во слободен простор. Повратен проток е невозможен, бидејќи димните гасови излегуваат, а воздухот влегува под ист притисок, одн. процесот се одвива во простор со ист притисок. На овој начин однапред е обезбедена добра промаја со топлината на продуктите на согорување (сл. 2, долу десно).

Вентилот на гасниот конвектор може да се регулира и уредот е опремен со т.н. осигурувач за недостаток на гас, лептирест горилник и осигурувач на пламенот за палење. Горниот дел на обвивката на гасниот конвектор обично има отвор. Степенот на корисно дејство на конвекторот е многу поволен и изнесува околу 80 - 85% и затоа може да се користи и за загревање на поголеми простории (30-40 m2). Во една просторија по потреба може да се постават и повеќе конвектори. На блок или панелните елементи на зградите во новите населби веќе при изработката на овие елементи се изработуваат отвори за конвектор. И ова укажува на тоа дека загревањето со конвектор е современо загревање.

Предуслов за поставување на конвекторот е соодветна градежна дозвола, а монтажата може да ја врши само за тоа оспособено претпријатие или занаетчија.

Мораме да кажеме и тоа дека греењето на гас прекумерно троши кислород од просторијата. Ако не е обезбедено пропишано проветрување, поради недостиг на кислород пламенот ќе се изгаси, а отровниот гас и понатаму ќе излегува во просторијата. (На поновите уреди веќе се вградуваат регулациски вентили кои, ако се изгаси пламенот, го затвораат доводот на гас).

Сигурно е дека загревањето со електрична енергија обезбедува најголем комфор, но е и најскапо. Електрични грејни тела од 220 V и 0,5 до 10 kW смеат да се употребуваат само строго по прописите. Поставувањето (монтажата) и одржувањето на овие уреди е исклучиво работа на стручњаци. Покрај тоа што современите методи на загревање сè повеќе и повеќе се применуваат, сепак во домаќинствата сè уште најмногу се користи конвенционалниот начин на загревање со печки. Тука спаѓаат и печките на лож- масло, бидејќи тие се разликуваат од печките на јаглен само по тоа што се ложат поретко и на поинаков начин.

За економично загревање потребно е да се знае топлотната моќ на поединечните горива, потребната количина воздух за согорување, како и потребниот простор за сместување на горивото. За овие величини податоци дава следнава наша табела. При анализата на овие податоци може да се заклучи и тоа дека „скапото гориво е поевтино“.

Табела на топлинска моќ, воздух за согорување и густина на горива