Ракување со хемикалии и полипласти
Некаде хемијата се сметала за »црна магија«, додека денес со неа се среќаваме на секој чекор, па и во домаќинството. Ни е познато дека со »Црниот бик« или со други детергенти лесно можеме да го испереме алиштата. На многумина им е познато дека со тетраетилоловото се зголемува октанскиот број на бензинот. Секако, тие знаења не го прават човекот хемичар. За сепак малку да станеме тоа, да се запознаеме со основите на хемијата:
Материја што може да се раздели на други материи, со различни својства, со едноставни физички методи (избирање, просејување, магнет итн.) се нарекува смеса. Таа, потполно хомогена материја, што со такви едноставни методи не може да се разложи на компоненти со различни својства, се нарекува соединение.
Соединенијата се изградени од молекули составени од елементи, кои се врзани со определени хемиски врски. Овие врски не дозволуваат нивно едноставно цепење. Разорувањето, цепењето на тие врски бара поголеми сили, хемиски интервенции. Тогаш молекулите се распаѓаат на елементарни атоми. Долго време се сметало дека атомите понатаму не можат да се делат. Во нашиот век е потврдена поранешната претпоставка дека атомите се состојат од уште помали елементарни честички што меѓусебно се разликуваат и по големина и по електричен набој. Најпозитивни елементарни честички се позитивно набиениот протон, неутралниот неутрон и негативниот електрон.
Во сите соединенија од 92 природни елементи учествуваат само 15 до 20 елементи.
Тежината на атомите на елементите ја мериме на тој начин што ги споредуваме колку пати се потешки од атомот на најлесниот елемент водород (според поновата дефиниција од 1/12 атомот на јаглерод.
Ниту еден од елементите не може да се соедини со друг елемент во произволни, какви било количества. Можноста за хемиско врзување на водородниот атом ја сметаме за едновалентна. Според тоа, водородниот атом е едновалентен. Атомот, кој со еден водороден атом создава соединение, исто така е едновалентен. Ако елементот врзува два, три, четири итн. водородни атоми, тогаш тој е дво-, тро-, четворо- итн. валентен. Осумвалентноста е најголема можна валентност на еден елемент. Меѓутоа, постојат елементи со повеќе валенции; тие се со променлива валентност.
Главните групи на соединенија се неоргански и органски соединенија. Во органските соединенија се наоѓа јаглерод, додека во неорганските - со ретки исклучоци - нема јаглерод.
Причината за постоењето на голем број органски соединенија се наоѓа во можноста за меѓусебно врзување на јаглеродните атоми, односно во образување јаглеродни ланци. (Називот органски соединенија потекнува од поранешното сфаќање дека само живите организми можат да ги создадат.)
КИСЕЛИНИТЕ се опасни разорливи супстанции кои на кожата или во желудникот предизвикуваат тешки рани, слични на изгореници. Киселините можеме лесно да ги препознаеме со лакмус-хартија, бидејќи синиот лакмус во киселина поцрвенува. При работа со киселини неопходни се заштитни очила и гумени ракавици. Ако и покрај внимателноста капка киселина падне на нашата кожа - прво треба да се избрише со сува крпа, потоа да се измие под течна вода и на крај трагите од киселината да се неутрализираат со раствор од сода-бикарбона (слика 1).

СЛИКА 1
БАЗИ се реакциони продукти на металните оксиди со вода. Алкали се нарекуваат бази што се растворливи во вода и имаат корозивно дејство. Лесно се препознаваат, бидејќи со нивното дејство црвениот лакмус посинува. Тие се многу корозивни супстанции. Раните од нив тешко се лекуваат, потешко од раните предизвикани од киселини. ХТЗ прописите се исти како кај киселините. При повреда кожата треба да се мие со разредена киселина (на пример оцетна киселина).
СОЛИ настануваат со реакција на бази и киселини. Помалку или воопшто не ја нагризуваат кожата. При работа со соли сепак треба да се постапува внимателно, бидејќи некои се отровни.
Хемикалии во домаќинствата
Тоа одамна е познато, особено при конзервирање на прехранбени артикли.
Средствата за конзервирање може да се поделат на:
1. Материи што истовремено. даваат вкус и ги конзервираат артиклите: шеќер, сол, оцет, маст, лимонска киселина, винска киселина.
2. Материи за уништување на микроорганизми: шалитра, глутаминска киселина, стипса, варово млеко, салицил, бензоева киселина и натриум-бензоат.
3. Желатинести материи, бои и зачини.
Шеќер. Додавајќи 55% шеќер (шеќер =C12H22O11) во некој производ (од сливи, малини, кајсии, круши, јаболки) без додавање други хемикалии целосно сме го конзервирале (слатко). Не е препорачливо да се додава повеќе од 55% шеќер, бидејќи ќе дојде до кристализација на шеќерот. Вредност помала од 50% шеќер не конзервира. Додавајќи шеќер во кисели прехранбени производи, треба само кратко да се вари, бидејќи доаѓа до разградување на шеќерот.
Сол. Кујнската сол (натриум–хлорид, NaCl) исто така дава вкус, а воедно и конзервира. Способноста за конзервирање произлегува од хигроскопноста на солта (апсорбира влага). Ако месото се посоли, солта врзува одредена количина вода не само од месото туку и од бактериите и со тоа ги уништува. И останатите микроорганизми не можат да опстанат без вода.
Шалитра. (Калиум-нитрат, KNO3). Солен, горчлив, бел, кристален прав. Неутрален е. За конзервирање на 2,5 kg месо растворуваме 0,5 грама калиум нитрат во 100 g топла вода. Иситнетото месо го навлажнуваме со овој раствор. Треба да се внимава на точно дозирање, бидејќи во поголеми количини калиумовата шалитра е многу горчлива и отровна.
Глутаминската киселина (амино–пировинска киселина, амино-глутарна киселина, НООС-СН2-СН2–СН(NH)2–СООН е аминокиселина што се наоѓа речиси во сите белковини. Се користи за подготовка на концентрати од разни супи, чорби (Podravka, Knorr итн.), односно за конзервирање месо. На 1 kg месо се зема 5 g растворена глутаминска киселина.
Степса (калиум–алуминиум–сулфат, KAl(SO4)2 се употребува во чиста состојба за конзервирање, односно за зацврстување на структурата на помеко овошје, зеленчук, за да не се распадне, уништи за време на конзервирањето. За 1 kg овошје, односно зеленчук, се употребува 1,4 g степса.
Варовно млеко. Има идентично дејство како стипса. 0,5 kg печен вар раствориме во 5 литри вода и оставаме да стои една ноќ, внимателно декантираме (одливаме околу 2/3 бистар раствор) и во ова варовно млеко [Ca(OH)2] го натопуваме овошјето или зеленчукот до 15-20 m минути и на крај го плакнеме со топла вода.
Лимонска киселина. Лимонската киселина е многу распространета во растителното царство. Се наоѓа речиси во секое овошје (Окси–пропан–трикарбоксилна киселина, C6H8O7) Безмирисните, безбојни кристали на лимонската киселина се раствораат во топла вода. На 1 kg овошје потребни се 1 до 2g киселина.
Винска киселина. Безбојна, без мирис (C4H6O6), чија калиумова сол се наоѓа во виното. Дејството на оваа киселина е слично на лимонската киселина.
Оцетна киселина. Безбојна, со остар мирис, силно кисела нагризувачка супстанца (СН3СООН). Голем непријател на мувлите и бактериите. Над одредена концентрација, во кисела средина, бактериите не можат да живеат. Затоа многу често оцетната киселина се користи за конзервирање. Во продавниците се наоѓа во различни концентрации (јачини). За 1 kg на некој производ доволни се околу 2-3 децилитри 10%–ен раствор на оцетна киселина. Оцетната киселина разорува голем број метали (железо, алуминиум, бакар, цинк). Со бакар или цинк создаденото соединение на оцетната киселина е отровно, па како амбалажа за оцетна киселина може да послужи само сад од стакло, керамика, емајл, пластика или дрво.
Салицилната киселина е бел, иглест, кристален прав, без мирис (C6H4(OH)COOH). Таа е клеточен отров, па ги уништува бактериите и спорите. Во поголема количина е отровна и за човечкиот организам, па за конзервирање се користи во помали, точно определени количини. На 1 kg овошје максимално се додава 0,8 g.
Бензоевата киселина е бела, свиленкаста, иглеста или плочеста, кристална супстанца (Н6С5СООН). Одлично ги уништува бактериите и спорите. Во поголеми количини, исто така, штетно дејствува на организмот, па затоа на 1 kg производ се додава само 0,5 грама.
Лепила
Голем број синтетички лепила сè повеќе го освојува пазарот. Меѓутоа, не треба да нè измами називот »универзално лепило«. Овие лепила се добри, но не се универзални, само за некои материјали добро прилепуваат, за други слабо.

Ќе наведеме неколку од најважните лепила, кои можат да се набават на домашниот пазар, со напомена, кои материјали со тие лепила можат најдобро да се лепат.
Лепило, (коскено, кожно) служи за лепење хартија, дрво, текстил, целофан, како и за лепење на овие на кожа и стакло.
Бензолот е растворувач на полистиролот, односно негово лепило. Освен меѓусебното лепење на полистиролни плочи, со бензол на полистирол се лепат и плексиглас, целулоид и целофан.
Водено стакло се користи за лепење на стакло и тврди материјали, како бакелит со текстил, хартија, метали, порцелан и керамика, односно овие меѓусебно.
Хлороформ е растворувач, односно лепило за плексиглас. Плексигласот може да се лепи со хлороформ на стакло, керамика, порцелан, полистирол и целулоид.
Boropor лепи гума на гума, гума на метал, кожа, стакло, порцелан, дрво, текстил. Исто така кожа на метал, послабо на стакло и дрво.
Лепилото Oho »универзално« успешно се користи за лепење стакло, порцелан, дрво, полипласт, метал.
Ризопрен (вештачка гума) се користи пред сè за лепење гума и кожа. За лепење линолеум, подолит, виниз плочи, паркети на бетон исто така се препорачува.
Savanol се употребува за лепење кожа, гума, ултрапас, тепих, текстил, дрво, салонит и поцинкуван лим.
Неостик универзално »универзално« лепило. Може да се користи за лепење на различни материјали; кожа, дрво, гума, текстил и сл.
Drvofix е лепило за дрво, дрвени плочи (панел, иверица и сл.) стиропор со дрво, паркети на дрвени подлоги и сл.
Teleol (неопрен). Лепило за лепење кожа, гума, пластични маси, текстил, дрво, PVC подни облоги итн.
Krautoxin (Kunstsoff aus der Tube). Двокомпонентно лепило, при кое двете компоненти најпрво се мешаат, а потоа во рок од половина час се употребуваат. Лепи метал, камен, стакло, порцелан, термостабилни полипласти (бакелит) итн.
Епоксидни лепила, како: ARALDIT (Швајцарија), ЕРON (Shell), EPILOX (Buna-werke), EPORESIT (Унгарија), повремено се појавуваат на пазарот, во форма на прашок, паста, стапчиња, емулзии. Тие се одлични лепила, особено при лепење метал со метал, односно гума, кожа и сл.
Desmodur, desmoden се полиуретански лепила, се применуваат при лепење метал со гума, односно метал со метал.