Имаше барање жената да не дознае за кредитот на мажот (за да ѝ нарача нова спална соба)… па мажот да не дознае дека „по грешка“ ќе дојде бојата што ја избрале заедно… па за роденденот монтерите да ѝ ја донесат дневната соба… Преку работата, каква и да е, секогаш со луѓето доаѓаат и некои барања што се добри (читај добронамерни) и оние што се помалку добри (читај ние ќе испаднеме криви).
И така… направивме речиси цела куќа за еден млад складен брачен пар. Сè по мерка. А тие…се сакаат… и навистина, навистина се почитуваат! Дали реков дека се сакаат и почитуваат? Тој има теретана, а по игра на околностите јас тренирам во неа. Не би ги кажувал имињата, па затоа Ќе пишувам Он и Она со голема буква… сфати го тоа како име. ?
Носи Он така еден ден некоја помала wc комода и вика директно „Убрк“, како што би рекле добрите Босанци, онака директно (можеби малку и исплашено): „МОЖЕТЕ ЛИ ОВА ДА ГО ПОПРАВИТЕ, НО ДА НЕ СЕ ВИДИ РАЗЛИКАТА.“ Гледам вака…јбг…не сфаќам. Кој? Што? Вели: „Таа е бремена!“, а Тој не би сакал ни најмалку таа да се загрижи или нешто да ја изнервира. Еј човече, немој да се грижиш, сè ќе биде како бонбона.
Не знам зошто ? ама најмногу се бунеше нашиот бојаджија. Не може тој “КАКО” да извади нов лак да биде како стариот. Сале, види вака, велам јас…“Ова мора да биде како што било!!!” Се сеќавам дека предложи да го обоиме во бело, па да ставиме со шунките на чадени, за да фати малку жолтеникаво.
Денес, по половина година, се роди едно мало девојче. Здраво и пресреќно, што е во тој родителски круг. Дали реков пресреќно?
Фото: Shutterstock