Заштита на арматурата од корозија
Според денешните Еврокодови е пропишана минимална дебелина на заштитниот слој бетон (cnom). Дебелината на ваквиот слој бетон е најмалото растојание од надворешната површина на армирано-бетонскиот елемент до првата арматура. Кај линиските елементи тоа е стременот, а кај површинските елементи тоа е долната надолжна арматура. Номиналниот заштитен слој се дефинира како: cnom = cmin + Δcdev
cmin е минималниот пропишан заштитен слој, чија вредност зависи од условите на прилепување на бетонот и арматурата, условите на средината, премазот на арматурата итн. Δcdev е вредност што претставува отстапување при изведбата. Во зависност од класата на изложеност на армирано-бетонскиот елемент постојат различни вредности на номиналниот заштитен слој; тој најчесто се движи од 2,5 cm до 3,5 cm. За темелите се зема дека е 5cm.

Однесување на цементен малтер и бетон при често загревање и ладење
Цврстината на свежиот бетон може брзо да се зголеми со постепено загревање со пареа или со држење во постепено загревана вода, а потоа со лесно ладење. На тој начин по еднодневна постапка се јавуваат цврстини до кои при обичен постапок се доаѓа по неколку недели. Степенот на дејство зависи од цементот и видот на агрегатот, додека, меѓутоа, со мршав бетон се постигнуваат многу подобри резултати отколку со масен бетон.
Во случај загревањето и ладењето да се вршат во широки граници, во бетонскиот елемент ќе се јават значителни напрегања ако загревањето и ладењето брзо се изведуваат. Во таков случај, а особено при често повторување, треба да се смета на појава на пукнатини што продираат однадвор кон внатрешноста, влијаејќи врз механичките карактеристики на бетонот. При тоа различните цементи се однесуваат различно, поради што за практична примена се препорачува внимателен избор на цемент.
Топлинска пропустливост на бетонот
Коефициентот на топлинска спроводливост на бетонот зависи од својствата на агрегатот и цементот, од количината на цемент, количината на вода за подготовка, влажноста на бетонот, како и од висината на температурата. Со испитувања со плочи со 10 cm дебелина и од силно сушен бетон, е утврдено дека коефициентот на топлинска спроводливост λ изнесува 1,163 W/mK при 10 oC, а со плочи од бетон што стоел во вода изнесува до 2,326 W/mK. Подебелите плочи даваа поголеми коефициенти на топлинска спроводливост; најголемата вредност изнесувала 2,38 W/mK.
Ширење на бетонот при топлина
Проширувањето во голема мера зависи од агрегатот, потоа од влажноста на бетонот, како и од самиот цемент. Досега познатите гранични вредности на 0 до 40 oC изнесуваат околу 6 до 13*10-6 m/m за секој степен.
Отпорност на често оптоварување
1. Притисна цврстина при замор. Поимот цврстина при замор е употребен тука во општо значење; за техничка примена секогаш треба да се наведат цврстините при замор (притисок, затегнување, наизменичен притисок и затегнување, свиткување, смичење, чисто смичење, извивање) како и начинот на оптоварување (само мирно, само често, делумно мирно и делумно стоечко).
Притисна цврстина при замор поради мирно оптоварување: треба да се очекува дека отпорноста на долготрајно оптоварување изнесува најмалку ¾ од цврстината што се јавува при обично испитување со притисок.
Притисна цврстина при замор поради чести оптоварувања (основна динамичка цврстина): основната динамичка притисна цврстина на бетонски столбови од различен состав, а особено со различни количини цемент и со различни гранулации, покажало дека изнесува најмалку 0,5 од цврстината на призмата при обично оптоварување до лом. Притоа биле изведени 260 циклуси на оптоварување во минута; вкупниот број циклуси за кои била одредувана оваа основна динамичка цврстина изнесувал два милиони. Со зголемување на бројот на циклуси во минута (испитувано е со 10 до 450 циклуси во минута), се зголемил и бројот на повторувања што доведувал до лом.
Притисна цврстина при замор поради истовремено дејство на мирни и учестени оптоварувања: Кога на учестените оптоварувања им се додадат мирни оптоварувања, тогаш со зголемувањето на мирните оптоварувања опаѓаа вредностите на амплитудите на учестените оптоварувања што инаку се повторуваа два милиони пати. На пример, сл. 1 покажува дека амплитудите на учестените оптоварувања S изнесувале:
- при мирно оптоварување за σu = 6 kg/cm2 S = 109 kg/cm2
- при мирно оптоварување за σu = 118 kg/cm2 S = 39 kg/cm2
- при мирно оптоварување за σu = 157 kg/cm2 S = 8 kg/cm2

Сл.1

Сл. 2
2. Свиткувачка цврстина на бетонот при замор. Испитувањата прикажани на сл. 2 за греди што постојано биле одржувани во влажна состојба, покажаа, при основното динамичко оптоварување, дека свиткувачката цврстина при замор изнесува 28 kg/cm2, додека обичната свиткувачка цврстина изнесувала 53 kg/cm2, што одговара на односот 0,53.
Лесен бетон
Лесен бетон (бетон со тежина под 18 kN/m3) се добива со употреба на лесни, порозни агрегати како што се: пемза, згура од високи печки, котелска згура, а освен тоа и со употреба на малтер од природен или вештачки песок и брашно со примеси кои при подготовката на малтерот развиваат гасови (гасен бетон) или во малтерот предизвикуваат пенливост (пенест бетон).
Лесниот бетон, меѓу другото, многу се употребува за изработка на блокови за ѕидање и плочи од пемза за ѕидови и кровови; во суво состојба е слаб спроводник на топлина; цврстината е умерена, но лесно се прилагодува, така што со сигурност може да се изработуваат лесни блокови за носечки ѕидови на станбени згради.
Како средство за создавање гасови во гасобетон се употребува алуминиумски прав. Во зависност од количината на примеси, како и од други услови, се добива повеќе или помалку порозен материјал, со тежина во сува состојба од околу 3 kN/m3 па нагоре.
1. Волуменска тежина на лесен бетон. Со природен пемзов камен можат да се гарантираат волуменски тежини – под претпоставка во состојба исушена на 105 oC – почнувајќи од 7 kN/m3 па нагоре, со притисни цврстини 2 MPa. Волуменската тежина што може да се очекува изнесува приближно збир на агрегатот и цементот во насипна состојба. Гасобетонот со волуменски тежини над 8 kN/m3 по правило е технички непогоден.
2. Притисна цврстина на лесен бетон. За насипен бетон без некои посебни мерки можат да се постигнат цврстини 8 MPa, а со чакал дури и до 12 MPa. Потребни се постојани испитувања на соодветноста. Порозниот бетон (гасен бетон и пенест бетон) е погоден за носечки ѕидови само по стврднување под притисок на пареа. Со соодветни суровини можат да се гарантираат запремински тежини од 6 kN/m3 и притисни цврстини од 5 MPa.
3. Свиткувачка цврстина на лесниот бетон. Односот меѓу свиткувачката и притисната цврстина се покажал во рамките на практичните потреби релативно голем, а како што цврстините растат, тој однос опаѓа.
4. Stepen na skupluvawe na lesniot beton. Stepenot na skupluvawe zavisi glavno od elastičnosta na agregatot, kako i od količinata na sostavot na očvrsnatiot cement; skupluvaweto na lesniot beton e pogolemo od skupluvaweto na betonot od šljunak. Betonot od drobina od opeki pokaža vo tekot na edna godina vkupen stepen na skupluvawe od okolu 0,65 mm/m. Sveže isporatenite elementi od priroden plovućec, za 14 m meseci se skratiја za okolu 0,8 mm/m. Primerocite od gasbeton i penobetон što očvrstuvale na vozduh pokažaa ušte mnogu pogolemi skupluvawa, duri nad 2 mm/m. Ne treba da se zaboravi deka sekoj beton pri navlažnuvawe od dožd i topen sneg nabubruva, a pri podocnašno sušewe pak se skupluva.

Сл.3
5. Коeficient na toplotna provodlivost. Коef. на топлотна провидливост опаѓа со волуменската тежина, и при инаку исти услови станува толку помал колку што неговите воздушни пори се помали и порамномерно распоредени. За воздушно сув набиван бетон изнесувал (λ = 0,4625 за 9 kN/m3; λ = 0,58 – 0,7 за 12 kN/m3; λ = 0,81 – 1,05 за 16 kN/m3). За воздушно сув гасобетон податоци дава сл. 3.
НАПОМЕНА:
- 0,1 kcal/mhoC = 0,1163 W/mK
- 0,1 kg/dm3 = 100 kg/m3 = 1 kN/m3